(ВИДЕО) Костадинов: Да не се опструира новиот закон за Јавно обвинителство

Од:

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се труди да наметне перцепција во јавноста дека скандалот “рекет” е сличен со 11 годишниот пустош на режимот на Груевски и Мицкоски. Не е и никогаш не може да стане! Ние не сме и никогаш нема да бидеме исти! Сега секој кој се огрешил пред законите одговара и ќе одговара. Никој не бега од правдата!“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ на денешната прес-конференција.

„Разликата е огромна! Правосудните органи ја вршат работата во рамки на своите надлежности ослободени од каков било притисок од извршната власт, што не беше случај со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Тешко лицемерие е Милошоски да обвинува кој било друг за криминал кога 11 години беше најблизок соработник на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и нивен вистински партиски шеф.

За потсетување, токму Милошоски е дел од предметот Моќник каде постојат основани сомненија за сторена злоупотреба на службената положба и овластување.

Додека бегалецот од правдата во Будимпешта си ужива во нелегално стекнатото богатство, оние кои од него се злоупотребени лежат во затвор.

Наместо да бараат оставки и да се занимаваат со опструкции, Мицкоски и Милошоски нека соопштат јавно кои им се вистинските намери и до кога планираат да ја мачат Северна Македонија и нејзинитe граѓани?

До кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загрозува евроатланските интеграции за да ги спасува инкриминираните сегашни и поранешни сопартијци?

Ја користам оваа прилика уште еднаш јавно да ги повикам опозициските пратеници да не го опструираат новиот закон за Јавно обвинителство.

Граѓаните и сигурната иднина на Северна Македонија не можат и понатаму да бидат заложници на неодговорни политичари на кои личните интереси им се поважни од државните.

Реформите кои се во интерес на граѓаните, правдата и државата, продолжуваат.“, наведе Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот