(ВИДЕО) Костадинов: Блокадите и деструкциите на Мицкоски нема да успеат

Од:

Од симболот на криминалот и корупцијата, од белиот дворец, преку Христијан Мицкоски се јави гласот на Никола Груевски, вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Денешната прес конференција не беше ништо друго освен одбрана на криминалот на режимот и нов обид за блокада на реформите, закочување на напредокот и успехот на државата, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ, на денешното обраќање.

„Криминални октоподи и заштита на криминалот на фамилијата се единствена одлика, константа на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Фрустрираниот Христијан Мицкоски ќе можеше да си дозволи, да му биде полна устата со правда само доколку го осудеше се она што го правеше тој и врвот на неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе можеше Христијан Мицкоски да ги погледне граѓаните во очи само доколку јавно побараше расчистување на криминалот на режимот и доколку повикаше одговорност на неговите, од ВМРО-ДПМНЕ, за кои има бројни судски постапки.

Правда, почитување на законите и влдеењето на правото се одлика на оваа Влада предводена од СДСМ и секако, правда ќе има.„, дополни Костадинов.

Актуелниот случај покренат од обвинителството е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој, како што рече Костадинов, го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција.

„Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот.

Сите се еднакви пред законите.

Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес и на граѓаните и државата.

Денеска Христијан Мицкоски неуспешно се обиде да побара алиби за своето антидржавно однесување, спротивно од интересите на граѓаните и државата.

Не го интересираат ниту реформите, ниту напредокот на државата, единствената работа која што е од интерес на Христијан Мицкоски е заштита и одбрана на криминалот на Никола Груевски.

Со своето антидржавно однесување, Мицкоски очајно се обидува да го загрози заокружувањето на процесот на реформите, директно врзани и со почеток на преговорите со ЕУ.

Христијан Мицкоски не сака да има попис. Старото, криминално крило на ВМРО-ДПМНЕ не сака земјава да се развива. Ова крило на ВМРО-ДПМНЕ сака земјата да остане во изолација, 18 години да биде без попис на населението.

На очајниот Мицкоски му упатуваме јасна и недвосмислена порака: неговите блокади и деструкции нема да успеат. Напредокот на државата ќе продолжи, со него или без него.

СДСМ ќе направи се, правдата ќе биде задоволена, Република Северна Македонија ќе успее.“, заклучи Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски