(ВИДЕО) Костадинов: Aнтизападниот пион Мицкоски да каже каква е неговата поврзаност со компанијата Енерготек?

Од:

„Антизападниот пион на Никола Груевски, Христијан Мицкоски, вчера повторно побегна од јавноста.

Од поврзаноста со криминалите на Никола Груевски не може да се побегне“, рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Наместо да се крие зад конфузни и нејасни реакции, антизападниот и антинародниот Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори:

Каква е поврзаноста на антизападниот Мицкоски со компанијата Енерготек ДОО Скопје?

Дали оваа компанија учествувала во конзорциум што добил концесија за користење на вода и закуп на земјишта за мали хидроцентрали, од Владата на неговиот ментор Никола Груевски?

Дали тоа што бил советник на носителот на криминалот Никола Груевски, му помогнало на антизападниот Мицкоски?

Очигледно е дека постојат причини поради кои антизападниот Мицкоски ги следи погубните политики на неговиот Груевски и затоа по секоја цена се обидува да ја закочи иднината.

Ова е уште една причина преостанатите пратенции на ВМРО-ДПМНЕ да ги напуштат овие антизападни и криминални политики на Груевски и Мицкоски и да се приклучат на процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО“, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски