ВИДЕО: Коските и черепите на борците расфрлани на ридот над Кичево

Од:

На Борците од НОБ не само што се заборави, туку не се оставаат и во мир да почиваат.

Некој го скршил катанецот и провалил во спомен костурницата на Китино кале над Кичево каде се положени останките од околу 500 борци и ги расфрлал по калето.

Моштите биле сместени во лимени кутии, но кога отишле делегации да положат цвеќе за 8 ми септември, начекале расфрлани черепи и коски на сите страни.

Немало никаква реакција, се положило цвеќето како и ништо да не се случува, а следниот ден некој ги имаше собрано черепите и коските во вреќи, ги вратил во костурницата, а вратата е заварена.

И досега имаше појава на демолирање и уништување на спомениците на борците, обезвреднување на нивната улога во создавањето на македонската држава, а последниот настан говори само за суровоста која веќе е вгнездена во ова општество.

Би можело да ве интересира

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски