По 10 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ скандалите за злоупотреби и криминал не стивнуваат. Тие се нивниот заштитен знак. Најновиот скандал е поврзан со подрачниот министер за земјоделие Илија Србиновски, вели Борче Корлевски од СДСМ Битола.
Имено, дали ќерката на подрачниот министер за земјоделство, Илија Србиновски, Лилјана Србиновска Талевска, заедно со нејзиниот сопруг Роберт Талевски во септември 2009 година на диво, односно,незаконски, се вселуваат во државен стан на улицата Јонче Мурџевски бр 3/18?
За незаконското вселување на познатиот брачен пар постои и официјален документ од Претпријатието за стопанисување со станбен и деловен простор од Битола во којшто се вели:
-закупец Роберт Талевски – диво вселен.
-број и тип на решение –нема
-број на договор – нема
-рок на важење на договор – нема
-месечна закупнина – 0 денари
Згора на тоа ќерката на министерот Србиновски, Лилјана Србиновска Талевска, која што меѓудругото беше и вработена во ова Претпријатие, заедно со својот сопруг од јули 2013 година живеат во Австралија. Станот е празен, клучот од станот е кај нив, а тие речиси 3 години не се вратени.
Зошто директорот на Препријатието за стопанисување со станбен и деловен простор, сеуште толерира ваква стостојба?
Чии партиски задачи извршува и чии бизнис интереси штити?
На граѓаните им е јасно дека криминалот и корупцијата се заштитен знак на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.