(ВИДЕО) Корева: Раководството ни врши притисок да потпишеме полномошно за синдикатот да ни ги повлече тужбите кон Пошта

Од:

Притисокот кон вработените во АД „Македонска пошта“ не престанува. По убедувањата на раководството преку потпишување на вонсудски договори вработените да ги повлечат тужбите за неисплатениот регрес од неколку години наназад, следи нов „обид“ на менаџерскиот тим да ги убедат вработените да го сторат тоа.

Од раководството на Пошта овој пат спремиле изјава и полномошно кое вработените треба да го потпишат со што ќе ги овластат Главниот повереник на Синдикалната организација и Претседателот на Синдикатот на Македонска пошта да ги преставуваат вработените пред надлежниот суд и во преговорите со менаџерскиот тим на Пошта.

Вработените велат дека синдикатите всушност се на страната на раководството, а против нив, па со полномошното кое најверојатно ќе го добијат на сила и со притисок врз работниците, синдикатите ќе ги повлечат тужбите на вработените кон АД „Македонска пошта“ и ќе се договорат со раководството за услови кои не им одговараат на вработените.

-Целта е да се повлечат тужбите и на вработените да им се даде смешен регрес од 6000 денари за една година и тоа на рати. Зошто да не се дадат сите од еднаш место да се сецкаат, не разбирам, вели Бранка Корева, која пред една година се пензионирала од АД „Македонска пошта“.

Во поглед на односот на Синдикатот кон вработените, Корева вели дека Синдикатот застанува зад правата и интересите на вработените, но само за одредени лица. За лошиот однос на раководството кон „непослушните“, вработените не се жалеле бидејќи како што велат, нема каде односно нема таков кој ќе ги слушне и ќе им помогне.

-Има случаи каде Синдикатот воопшто не е заинтересиран за луѓето што работат во компанијата. Јас сум отидена во инвалидска пензија, не ме прашаа ни како сум, а не па нешто друго да помогнат. Мојата инвалидска пензија е од никаквите услови во кои работиме, среќна сум што останав жива, вели Корева.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Македонска пошта тоне во загуби и долгови, а директорите лани си ги зголемиле платите

Катерина Ѓуровски

Николоски: Вработените во Железници и во Пошта ќе земат плата, полицијата и обвинтелството ќе истражува за нивната презадолженост

Има работници кои не доаѓаат на работа и такви кои не знаат што им се задачите, алармира синдикатот на „Македонска пошта’

Македонска пошта заглавена во среден век – пратки се делат рачно, доцнат со месеци, нема начин да спречи измами со пратки

Двочасовен протест во националната Пошта

Катерина Ѓуровски

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски