ВИДЕО: Колони возила и натаму се упатуваат кон Охрид, градот колабира

Од:

Колони возила од утрово се упатуваат кон Охрид, а поради гужвите се движат споро, додека, сообраќајот на моменти е и целосно закочен. Колапсот на градот започна од вчеравечер, кога сликата беше слична на денешнава. Туристи доаѓаат од сите градови, а најчести, според регистарските таблици се гостите од Скопје. Со оглед на бројот на возила кои пристигнуваат, а во недостиг на паркинг простор, автомобилите се оставаат и по улиците.

Гужви има и во Охрид, на потегот од Билјанини извори кон Пештани. Возилата стојат во место на потегот пред Градиште. Сите плажи, но и капацитети во Охрид се полнат.

Претходно, Сашо Точков, директорот на Центарот за јавно здравје-Охрид за “А1он” објасни дека доколку ваквата состојба продолжи, тогаш бројката на новозаразени ќе се зголемува не само во охридско-струшкиот регион, туку во целата држава. Според него, охриѓани седат дома и се штитат додека гостите се забавуваат без да ги почитуваат мерките.

Би можело да ве интересира

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид