ВИДЕО: Колони луѓе тргнаа кон плоштадот

Од:

Поддржувачите на опозицијата во колони тргнаа од булеварот „Јане Сандански“ кај „Мајчин Дом“ кон плоштадот Македонија каде во 19: 30 часот е закажан протестниот митинг под мотото „Иднината сега“.

Колоната се движи по булеварот „Јане Сандански“, поминува кај Веро-Центарот, се движи по булеварот „Кочо Рацин“, врти десно по Булеварот „11 Октомври“ и продолжува право кон плоштадот „Македонија“.

Кон плоштадот „Македонија“, пристапуваат шест колони од луѓе од пет различни страни.

Една доаѓа од раскрсницата кај болница „Букурешт“ и се движи по булевар „Партизански одреди“ сè до улицата „Даме Груев“, каде колоната врти десно и се приклучува на улица „Максим Горки“, до плоштад „Македонија“.

Втората колона доаѓа од улица „Иво Лола Рибар“ , кај Католичка црква врти лево по улица „Димитрие Чуповски“, сè до ресторант „Мек Доналдс“ каде што врти лево по улица „Никола Вапцаров“, кон плоштад „Македонија“.

Третата колона доаѓа од полигонот кај Кале движи по улица „Лазар Личеноски“, врти десно на булеварот „Гоце Делчев“, потоа преку булеварот „Маркс и Енгелс“ и улицата „Орце Николов“, влегува на плоштадот „Македонија“.

Петтата колона доаѓа од Скопски Саем и се движи по булевар „Гоце Делчев, на раскрсницата кај ТЦ „Мавровка“, врти лево по улица „Стив Наумов“ („Тодор Александров“), кај Градска болница врти десно по Булевар „11 Октомври“ и продолжува право до плоштадот „Македонија“.

Шестата колона доаѓа од Булевар „Македонија“ (зад ТЦ „Рамстор“) и се движи по улица Св. „Кирил и Методиј“, кај Музеј на Град Скопје врти лево и по улица „Македонија“ и продолжува до Плоштад Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ да каже каква е поврзаноста на фирмата од денешната бомба со Миле Јанакиески?

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милиони евра за два месеци

Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ