ВИДЕО: Колевски се правда зошто барал Кочан да биде пуштен од притвор

Од:

Ацо Колевски, новоизбраниот претседател на Советот на јавните обвинители, на новинарско прашање рече дека од денешна гледна точка го правда потегот затоа што побара вонреден правен лек во име на СЈО од Врховниот суд да го пушти бизнисменот Сеад Кочан од притвор.

„Сите случувања после тоа го оправдуваат поднесувањето на барањето за заштита на законитоста. Со ова вонредно правно средство, доколку се употребуваше досега ќе се вршеше контрола на работата на специјалното јавно обвинителство. Тие ќе немаа таква слобода да постапуваат без слобода и да дојдеме до оваа ситуавија јавен обвинител да се впушти во такви дејствија“, рече Колевски.

„Кочан беше во бегство, но факт е дека сам се врати по поднесеното барање и беше присутен на судењето и пресудата е изречена во негово присуство“, рече Колевски во одговор на новинарско прашање.

Но, она што останува како прашање кое што е лебди е фактот што сите барања за заштита на законитоста до редовното обвинителствоза предмети на СЈО, Јавното обвинителство потоа ги препраќаше до СЈО, како надлежно за застапување.

Колевски го потпиша барањето за заштита на законитоста кое Јавното обвинителство на чело со Марко Зврлевски во мај 2017 го достави до Врховниот суд и побара да му биде укинат притворот на бизнисменот Сеад Кочан, кој претходно избега.

Ацо Колевски работел во Основното јавно обвинителство, како и во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Член на Советот на јавни обвинители е од 2018 година.

Би можело да ве интересира

Одложена седницата за избор на в.д. државен јавен обвинител

Советот на јавни обвинители треба да назначи вршител на должност на местото на Коцевски

Советот на јавни обвинители ќе одлучува за избор на нов претседател на Советот

Советот на јавни обвинители e против разрешувањето на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

Тајна седница на Советот на јавни обвинители

Горан Наумовски

Наташа Крстевска Цалева побарала да не биде шефица на Вишото јавно обвинителство

Катерина Ѓуровски