(ВИДЕО) Колева: Силјановска е само уште едно лице на ДПМНЕ, не нѝ треба реприза на Иванов

Од:

Изборот пред граѓаните на претстојните претседателски избори е помеѓу борба за европска иднина со СДСМ или заглавени во изолација со ДПМНЕ. Понудата на ДПМНЕ е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре. Кандидатката на опозицијата, Гордана Силјановска Давкова е само уште едно лице на ДПМНЕ, продолжена рака на Христијан Мицкоски, изјави Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

-Во изминатите четири години Силјановска како пратеничка на ДПМНЕ ги поддржуваше блокадите на македонското Собрание и европскиот пат на земјата. Глас за Силјановска е глас за враќање назад, во рикверц, глас за оддалечување на државата од Европската Унија. На Македонија не ѝ е потребен претседател кој ќе биде реприза на Ѓорге Иванов. Не нѝ треба претседател кој ќе биде партиски послушник и безгласна буква како Иванов.

Не нѝ треба претседател кој ќе го слуша гласот на Белата палата, а ќе биде глув за потребите на граѓаните. Не смееме да дозволиме деструктивните политики на Белата палата да се преселат во претседателскиот кабинет! Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски. Граѓаните ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа – рече Колева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Колева: Дали Николоски раководи и посредува во финансирање на мрежата медиуми за лажни вести?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Колева: Мора да има одговорност за скандалот со лажните анкети

(ВИДЕО) Колева: Со 32,5 владата предводена од СДСМ поддржува 66 проекти во 44 општини

Колева: Повеќе за сите, нова мерка за зголемување на платите од 3,000 до 6,000 денари во приватен сектор

Колева: Поддржани 410 компании, растат платите, паѓа невработеноста, имаме рекорден износ од 750 милиони евра инвестиции

Колева: ДПМНЕ сега има шанса за прв пат да поддржи една стратешка одлука за земјата, членство во ЕУ