(ВИДЕО) Колева: Мора да има одговорност за скандалот со лажните анкети

Од:

Скандалот со лажните анкети покажа дека постои спрега помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, државната телевизија и општини под капата на оваа партија. ВМРО-ДПМНЕ ги применува истите форми на делување и злоупотребување на државните ресурси како и пропаганда од најславните денови на Никола Груевски. Тоа значи и еден систем на злоупотреби за кои мора да има одговорност и постапување од надлежните институции. Во документите од оперативен план на ДПМНЕ меѓу задолжените за креирање емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС, со повикување аналитичари, со отворање дувла е наведен и директорот на националниот сервис, изјави Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

– Националната телевизија МТВ е платена со пари од граѓаните и не смее да биде дел од партиски агенди и пропагандистички активности. За градоначалниците на ДПМНЕ пак е предвидена „обврска“ кон Владимир Божиновски. Затоа за овој скандал потребно е постапување на сите законски надлежни институции. Почитувани граѓани, ова е уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило.

Тоа е истата партија која ја урна слободата, ја зароби државата и која повторно и повторно сака да го прави истото. Затоа продолжувањето по европскиот пат е многу важно за слободата. Не смееме да дозволиме враќање назад. Слободата, а пред се медиумската слобода, е основа за развој и напредок на државата. И токму затоа не смееме да дозволиме да ја изгубиме. На овие избори граѓаните треба да одлучат дали ќе дозволат враќање назад, новите фабрики на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ да се институционализираат, а пропагандите да го поделат народот и да го држат во страв. Или да направиме нов чекор кон полноправно членство во ЕУ, кон врвна слобода и функционални институции – рече Колева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“