(ВИДЕО) Колева: Буџетот за 2023 обезбедува повисоки плати и пензии, сите пратеници да го поддржат

Од:

Денеска во собраниска процедура влегува Буџетот за 2023 година. Овој најважен документ за македонската економија е прв буџет кој е усогласен со новиот Закон за буџети. Буџетот за 2023 година е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза, за што се предвидени 250 милиони евра. Приходите во споредба со 2022 година се зголемени за 14,8 отсто, додека дефицитот се намалува за 0.7 процентни поени во однос на проекциите за 2022 година, изјави на прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

– Како одговор на последиците од кризата, но и за унапредување на животниот стандард на граѓаните, се зголемуваат средствата за исплата на плати, пензии и социјални трансфери. 75 милијарди денари или 10 отсто повеќе се зголемуваат средствата за исплата на пензии, додека 12,5 милијарди денари се предвидени за исплата на надоместоци за социјална заштита на најранливите категории граѓани.

Обезбедени се дополнителни средства за усогласување на платите со минималната плата во текот на следната година, согласно новата методологија. Тоа значи дека веќе во март следната година ќе имаме ново зголемување на минималната плата и ново покачување на пензиите. Во Буџетот не се занемарени ниту капиталните проекти кои се на ниво од близу 800 милиони евра, односно се за околу 52,3% повисоки во однос на проекцијата за 2022 година.

Буџетот за 2023 е развоен и обезбедува услови за зголемен економски раст, кој во следната година според проекциите на ЕБОР треба да изнесува 2.3 отсто, што е повеќе во однос на проекциите за растот во земјите од еврозоната кој исто така според ЕБОР е проектиран на 0,3 отсто. Повикуваме, сите пратеници низ конструктивна и аргументирана дебата да го поддржат Буџетот за 2023 година кој е во интерес на граѓаните и македонската економија – рече Колева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Колева: Дали Николоски раководи и посредува во финансирање на мрежата медиуми за лажни вести?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Колева: Мора да има одговорност за скандалот со лажните анкети

(ВИДЕО) Колева: Силјановска е само уште едно лице на ДПМНЕ, не нѝ треба реприза на Иванов

(ВИДЕО) Колева: Со 32,5 владата предводена од СДСМ поддржува 66 проекти во 44 општини

Колева: Повеќе за сите, нова мерка за зголемување на платите од 3,000 до 6,000 денари во приватен сектор

Колева: Поддржани 410 компании, растат платите, паѓа невработеноста, имаме рекорден износ од 750 милиони евра инвестиции