(ВИДЕО) Колариќ: СДС нема да им ги покачат платите на докторите на ветуваните 100.000 денари од пред изборите

Од:

„СДС ги потцени и ги излажа докторите – нема да им ги покачат платите според ветуваните 100.000 денари од пред изборите.



Наместо ветената плата од 100.000 денари, докторите специјалисти од клиниките раководени од СДС ќе добијат само минимално покачување на платата од само 5%, што не е ниту приближно до тоа што го ветуваа во предизборната програма. Тие во својата програма ветуваа покачување на платите за 15% во првите 6 месеци, а после 6 месеци немаат покачено ниту 1% плата на докторите.

Срамно и безобразно.

СДС бесрамно ги излажа докторите и не го исполни помпезно најавуваното ветување, кое беше предвидено и во Програмата на Владата. 



СДС со ова ја потцени интелигенцијата на врвните специјалисти во јавното здравство, на докторите кои третираат пациенти во најтешка состојба и кои секојдневно спасуваат човечки животи.

Ова е вторпат како СДСМ е против покачувањето на платата од 100.000 денари која ја ветуваше, но и по поднесениот закон од страна на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието за покачување на платите, тие сепак не ги покачија.


За ваков третман ли баравте да гласаат за вас докторите?

Дали сте свесни дека на истите тие доктори специјалисти од клиниките, Владата на ВМРО ДПМНЕ им ја покачи платата за повеќе од 24%.

Покрај тоа, и сите специјалисти во здравствените домови во Македонија добија зголемување на платите за 14,5 %, а лекарите од Итната медицинска помош за 11 %.


Исто така, платата им се покачи и на сите здравствени работници со завршено високо образование со цел соодветно да се вреднува и нивното стекнато образование. 



Ова се примери за достоинствен третман на здравствени работници. За СДС е непознат терминот достоинствен третман бидејќи тие освен со лаги и манипулации, на друг начин ниту знаат и не се способни да ги третираат своите гласачи.

Ова ли е здравството што го ветуваше СДС? Ќе исполни ли СДС барем едно предизборно ветување?

Не, очигледно нема да исполни ништо од тоа што им ветуваше на докторите. Впрочем ние неколку пати укажавме на тоа“, изјави Светлана Колариќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот