(ВИДЕО) Колариќ: Рашковски призна одговорност и поради тоа веднаш треба да си поднесе оставка

Од:

„Драги Рашковски призна одговорност и поради тоа веднаш треба да си поднесе оставка и да се вратат парите земени од џебот на граѓаните односно од државниот буџет.

Буџетот е оштетен а тој и понатаму го крши законот за заштита на судир на интереси членувајќи во Собранието на акционери на Телеком истовремено вршејќи ја должноста Генерален секретар на Владата на Република Македонија.

Законот е јасен.

Согласно член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, службеното лице Драги Рашковски не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, и сите други организациони облици со доминантен државен капитал, што значи дека Законот за спречување судир на интереси не дозволува Драги Рашковски како Генерален секретар на владата да биде назначен и за владин претставник во Собранието на акционери на Телеком.

Исто така неговата баба Елена Начевска, мајка на неговата сопруга Вероника Начевска која ја постави за претседател на Комисијата за жалби и неговиот кум, Дејан Костиќ кој го ангажираше за адвокат на Генералниот Секретаријат на владата и покрај тоа што владата има правна служба, не можат да го исперат непотизмот од работењето на Драги Рашковски само со нивно повлекyвање. Туку треба да ги вратат парите кои ги земаа од државата, а тоа се пари од граѓаните и мора да им се вратат.

Драги Рашковски треба да покаже доблест и морал и веднаш да си поднесе оставка од функцијата владин претставник во Македонски Телеком, кој сам незаконски се самоназначи на оваа функција и сам си го потпиша своето решение.

Криминалното и расипничко управување на Зоран Заев и Драги Рашковски е главна одлика на владата на Социјалдемократскиот сојуз.

Драги Рашковски под итно да си поднесе неотповиклива оставка од позицијата Генерален секретар на Владата на Република Македонија“, изјави Светлана Колариќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус