(ВИДЕО) Колариќ: Нечовечноста на градоначалниците на СДСМ излезе на виделина уште од првиот месец

Од:

Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека нечовечноста на градоначалниците од СДСМ излегла на виделина уште од првиот месец.

– 15 вработени во општина Велес се избркани од работа, а 24 вработени во општина Македонски Брод се прераспределени на пониски работни позиции, страшно е што има и бремена жена во 7-ми месец пратена е да чисти улици на температури под нулата. Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, отпушти и им го прекина договорот на 15 стручни лица од општина Велес, само затоа што не биле вработени од страна на Социјалдемократскиот сојуз и не поседуваат партиска книшка од Социјалдемократскиот сојуз. Градоначалникот на Македонски Брод, Живко Силјаноски, прераспределил 24 лица од општината директно во комуналното претпријатие. Помеѓу нив е и млада бремена жена, која е во 7ми месец од бременоста, од хигиеничарка прераспределена е да чисти улици 8 часа дневно на температури околу 0 степени, рече Колариќ.

Таа додаде на Заев и градоначалниците не им е грижа дали на бремената жена може да ѝ се искомплицира бременоста и нејзиното здравје, но и развојот на бебето.

– Социјалдемократскиот сојуз ја става партиската агенда пред здравјето на бремената жена и бебе кое треба да се роди. Бараме веднаш бремената жена која е прераспределена во комуналното претпријатие да биде вратена на позицијата каде што ќе има услови за работа, земајќи ја во предвид нејзината состојба. Здравјето на трудницата и нејзиното бебе се многу поважни од било која партиска агенда на Зоран Заев и Социјалдемократскиот сојуз. Во спротивно Социјалдемократскиот сојуз ќе ги сносат сите последици кои може да бидат предизвикани од несоодветните услови за работа на бремената жена, вели Колариќ.

Таа додаде дека СДСМ се егзекутори на семејната егзистенција на 40 семејства од Велес и Македонски Брод во само еден ден.

– Нивниот начин на работа е единствено да се исполни партиската агенда и да ги остави зад себе сите потреби на граѓаните и грижата за вработените во општинската администрација. Бркањето од работа и „јадењето живи луѓе“ одамна им е познато на граѓаните на Република Македонија. За жал, сега Социјалдемократскиот сојуз и Заев имаат можност да го претворат во дело, заврши Колариќ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито