(ВИДЕО) Колариќ: Наместо за училишта, градинки и болници, Царовска ќе ги троши парите на граѓаните за згрижување на 150.000 мигранти

Од:

„Стратегијата која Мила Царовска ја испрати до општините е сè уште на сила. На граѓаните им беше забрането да се произнесат по истата и на референдум да кажат дали се „ЗА“ или „ПРОТИВ“ населување на мигранти во нивните места на живеење.

Парите кои треба да бидат искористени за училишта, градинки и болници, Мила Царовска ќе ги пренасочи кон згрижување на 150.000 мигранти.

Граѓаните со право се загрижени за нивната иднина и иднината на нивните деца во Македонија. Изјавите на Оливер Спасовски кој вели дека мигранти нема да пристигнувале во Македонија експресно се демантирани од меѓународните институции. Изјавите на Социјалдемократскиот сојуз дека Македонија ќе биде само транзит земја, исто така, експресно се деманитрани од одлуките кои ги носи самата влада.

Пред околу 24 часа, Европската Унија и државите членки составија полиса да вратат околу 10 илјади мигранти назад во нивните региони поради страв од преоптоварување на економијата на Европската Унија. Европската Унија брои буџет од 157 милијарди евра, а сепак стравува за економскиот опстанок поради приливот на мигранти.

Во медиумите протекоа информации дека во Куманово ќе се населуваат 10.000 мигранти, во Штип ќе се населуваат 6.000 мигранти, низ сите македонски општини ќе се населуваат мигранти кои ќе преставуваат товар за општините на кои не им се зголемува буџетот.

До сега, Социјалдемократскиот сојуз не само што ги спречи граѓаните да го дадат својот глас на референдум, не само што не излезе со јасен став околу стратегијата за населување мигранти, туку и се исмева со јавноста заради загриженоста колу ваквата политика на Социјалдемократскиот сојуз.

Загриженоста на граѓаните не смее да биде од никој исмевана,а гласот на граѓаните не смее да биде од никој погазуван, затоа, токму граѓаните, оние исмеаните, оние погазените, ќе ја казнат политиката на Заев на 15-ти октомври“, изјави Светлана Колариќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања