(ВИДЕО) Колариќ: Четири години мрзливиот Шилегов не изгради ниту еден капитален проект, сега на три месеци пред избори мачка очи на јавноста

Од:

„Десет и триесет часот, работниците ги нема, а машините стојат. Четири години замачкување на очи на скопјани, без ниту еден капитален проект, само лажни ветувања од страна на неработникот Шилегов.

Шилегов за 4 години не изгради ниту еден булевар, а сега 3 месеца пред завршување на мандатот се сети за довршување на булеварот Борис Трајковски кој не му беше ниту предвиден во Буџетот за 2021 година и децидно велеше дека нема да го прави. Наместо вчера Шилегов да се слика за отпочнување на последната фаза од булеварот Борис Трајковски, Шилегов требаше да се слика за завршен булевар Борис Трајковски“, рече Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје.

„Петре Шилегов во 2017-та година наследи готов проект за довршување на овој булевар. Готов проект кој мрзливиот Шилегов требаше само да го реализира.

На 21.06.2021 година потпишува договор со градежна фирма, а машините пристигнати 5 дена порано. Тендер без спроведена аукција и со ограничени услови.

Иако вчера се сликаше за отпочнување на градежни активности, градската администрација на чело со Шилегов сеуште не ја заврши експропријацијата на имотите на жителите на трасата која треба да се гради.

Господине Шилегов, кога ќе ги решите имотно-правните работи на овие жители?

Дали знае градоначалникот Шилегов колку сообраќајни несреќи се случија на овој дел од булеварот последните четири години?

Дали знаете колку коли се искршија по дупките на ова место?

Но, на градоначалникот на Скопје не му беше гајле за проблемите на овие жители, а не се малку околу 70,000 жители гравитираат на овој дел од градот. На Шилегов му беа битни тендерите за клупи од 29 илјади денари, скала од 1.7 милиони евра, жардињерии од 60 илјади денари, партиски вработувања, распродажба на градски имот и сега повторно сеење предизборна магла и лажни ветувања.

Наместо да работи, Шилегов целиот мандат го помина во делење и нарачки на тендери. Петре Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Град Скопје.

Шилегов не работи за скопјани. Шилегов работи за себе и за блиските луѓе околу него. Дајте почитувани граѓани да ставиме крај на поделбите од страна на СДСМ и Зоран Заев, не смее да има граѓани од прв и од втор ред. Македонија е за сите луѓе!“, изјави Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166