ВИДЕО: Кој има корист од настанот во Гошинце ако е на штета на опозицијата, на албанското население и на Косово?

Од:

Инцидентот кој вчера со случил во кумановското село Гошинце, никако не можела да го направи опозицијата, локалното албанско население, ниту пак косовската страна, затоа што оди на штета на сите овие фактори, сметаат експертите за државно обезбедување кои денеска учествуваа на дебатата „Гошинце 2015“, организирана од „Достоинство“.

Во дискусијата учествуваа четворица генерали во пензија на Армијата на Македонија, два полковници, еден поранешен заменик министер за внатрешни работи, двајца поранешни началници на Управата на УБК, еден професор и еден директор на државна институција. Исходот од оваа расправа е дека владејачката структура во Македонија стои зад така наречениот напад на караулата, затоа што само таа страна има корист од истиот.

Полковникот во пензија, Благоја Марковски, вели дека сепак „неразумниот чин во Гошинце“ е конструкција на субјекти на кои не им е во интерес напредокот на државата.

– За нас е битно кому му штети овој инцидент и од таму кој не би го предизвикал. Тоа никако не можела да го направи опозицијата, никогаш не можело да го направи локалното албанско население и никако не е заинтересирана тоа да го направи косовската страна. Република Косово, како нов државен субјект на овие простори, има повеќе интерес да ја покаже свој зрелост како државен субјект и да се приближи кон ЕУ и НАТО. Албанското население во овој дел, нема никакви интереси да се дестабилизира Република Македонија затоа што се животно заинтересирани да се поправи нивниот животен стандард – вели Марковски.

Учесниците во дебатата, вели тој, се согласни на ставот дека настанот е организиран со цел да предизвика незадоволство и несигурност меѓу граѓаните, да се изврши заплашување и врз основа на тоа вниманието на граѓаните да биде отргнато од актуелната политичка, институционална и безбедносна криза.

И покрај тоа експертите сметаат дека треба да се промени начинот и средствата со кои се организира граничното обезбедување во овој дел.

– Не можело и не смеело да дојде до ситуација било каква криминална банда незабележано да влезе од територијата на Република Косово на територијата во Република Македонија и при тоа да изврши агресија и заробување на полицискиот персонал – рече Марковски.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тодев: Полицајците во Танушевци и Гошинце немаат вода за пиење

А1он

Тачи – Ахмети: Насилството и инцидентите не се во ничиј интерес

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пронајден дел од одземеното оружје од караулата во Гошинце

Ана Ололовска

Лазански: Наредбата за напад УЧК ја добила од Вашингтон

Емир Латифовиќ

Русија изрази загриженост за инцидентот кај Гошинце

Емир Латифовиќ

Лајчак: Силна осуда на нападот во Гошинце

Емир Латифовиќ