ВИДЕО: Кога ќе се укине монополот ќе се приклучиме повторно, порачаа исклучените од парно греење

Од:

Исклучените граѓани од парно греење од денешниот протест порачаа дека во системот може повторно да се приклучат само доколку се создадат добри услови, односно се укине монополот и на пазарот се понуди фер цена за греење.

„Бараме да се укине монополот со парното греење, ние предлагаме државната компанија ЕЛЕМ да го грее цело Скопје. Оваа наше барање му го соопштивме и на градоначалникот на град Скопје, Шилегов. Кажавме и остануваме на ставот, дека не е целта граѓаните на сила да ги вратиме на парно греење и да им ги конфискуваме становите“, изјави Маријан Ненов, активист во здружението „Но пасаран“.

Оштетените граѓани реагираа на информациите дека се грееле на дрва и така го загадувале воздухот во Скопје.

„Најодговорно тврдам дека никој од овие луѓе не се грее на дрва. Тоа е замајување на јавноста дека ние сме загадувачите, не е точно. Се грејам на струја затоа што тоа ми е најевтината варијанта. На парно може да се приклучам само ако цената биде пониска“, рече Зоран Стефановски, еден од граѓаните на протестот.

На протестот се собира и потписи за враќање на извршителите во судовите. Ова следи откако добар дел од граѓаните ги изгубија случаите и добија налози за присилна наплата за неплатените паушали кон БЕГ. Вакви, судски постапки беа покренати против 20.000 граѓани.

Би можело да ве интересира

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје