(ВИДЕО) Коцевски: Спасовски да не заташкува, за кој познат човек се јавувал казнетиот началник, ако не за синот на Буши

Од:

„Истражители од САД ќе гонат криминал, затоа што криминалците од министерството за внатрешни работи не може да гонат криминалци. Еве еден пример за тоа како Оливер Спасовски и Назим Буши, СДС и ДУИ спроведуваат беззаконие во Република Македонија“, рече Зоран Коцевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Веќе 13 дена министерството за внатрешни работи го релативизира инцидентот на дивеење во Скопје со приватно возило со флешери, кое беше запрено од полициска контрола, и за кое интервенирале највисоки лица од МВР да биде пуштено.

МВР на Спасовски го забошотува целиот овој случај и негира вмешаност на синот на Назим Буши.

Но да почнеме со ред. Имено на 26-ти ноември, на патот од Качанички пат кон Скопје, полицијата забележала возило мерцедес, кое со голема брзина се движело кон градот, по што биле известени екипи да го запрат истото возило.

Откако возилото било запрено висок функционер во МВР барал од полициските службеници истото веднаш да биде пуштено. Функционерот кој барал пуштање на возилото бил помошник началникот на СВР Скопје, Вулнет Аземи. Истиот подоцна во обид да се заташка инцидентот е казнет затоа што се јавувал возилото да биде пуштено.

И тука МВР го затвора овој случај.

Да не дозволиме власта да го заташка овој инцидент во кој се вмешани највисоки функционери. Затоа пристапуваме кон расветлување на овој случај.

Спасовски треба да одговори, за кого се јавувал Вулнет Аземи, ако во возилото не бил Ќерим Буши, син на Назим Буши, заменик министер во министерството за внатрешни работи? И тоа со назнака дека се работи за познат човек?

Кој е тој познат човек, и дали истиот е Ќерим Буши, син на заменикот министер во МВР Назим Буши?

Каде е сега регистарската ознака за мерцедесот СК 0202 АП, за кој е отворен овој случај? И дали постои оваа табличка од пред неколку дена, и ако не зошто не?

Дали мерцедесот со овие регистарски ознаки бил во сопственост на битолска фирма, чии сопственици се во роднински врски со Назим Буши и дали истото најчесто било возено од неговиот син?

Спасовски да не се обидува да релативизира и да одговори на овие прашања. Одговорот, ако веќе не го знае се крие во евиденциите на МВР, до кои тој како министер има многу лесен пристап. И само за неколку часа може да даде одговор по сите овие прашања. Доколку Спасовски продолжи да молчи или да го заташкува случајот, ние ќе продолжиме со изнесување на други детали. Скандалот продолжува“, изјави Зоран Коцевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Очекуваме пратеникот Сашко Јанчев да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски