(ВИДЕО) Коцевски: Граѓаните имаат право да видат соочување на кандидатите за градоначалник

Од:

„Покрај активностите разрешување на невработеноста и за намалување на се поголемата сиромаштија, одма сакам да нагласам дека Буџетот на општина Велес, покрај развојната функција ќе има и многу важна социјална компонента, затоа што живееме во тешко време-невреме во кое многу граѓани живеат под прагот на сиромаштија, не по нивна вина.

Општината ќе издвојува средства за помош на семејствата кои не се во состојба да ги плаќаат сметките за потрошена вода заради тешката економска и социјална состојба.

Општината ќе го модернизира јавниот градски превоз, ќе го зголеми бројот на линиите и ќе издвојува средства за субвенционирање на дел од цената на билетите во јавниот градски превоз на студентите, пензионерите со мали пензии, стечајните работници и работниците прогласени за технолошки вишок кои имаат проблем како да скрпат крај со крај во месецот“, изјави Аце Коцевски, кандидат за градоначалник на општина Велес на „Сојузот за иднината“.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?