ВИДЕО: Коце Трајановски крена раце од гасификација нa Скопје

Од:

„Имам непријатна обврска да ви соопштам една лоша и една уште полоша вест. Лошата е дека денес ќе се одржи собрание на акционери на А.Д Енергетика на која треба да се донесе одлука за престанок со работа на акционерското друштво.

– За воља на вистината ова А.Д. во изминатите неколку години не направи ништо за реализацијата на гасификацијата на Скопје и често беше предмет на наши критики и укажувања дека не функционира според замислата заради која што е формирано. Лошата поставеност на акционерското друштво и функционирањето преку семејни спреги доведоа ова друштво да не може да ги задоволи очекувањата на скопјани туку само на одредени поединци. Сугериравме решенија но без ефект.

– Втората, полоша вест е дека градоначалникот Коце Трајановски дефинитивно се откажа од проектот гасификација на Скопје како концепт, како потреба на скопјани и како ветување дадено во неговата предизборна програма 2013. Наместо да изнајде решение за реализација, тој се одлучи за наједноставното и од него најочекуваното. Коце Трајановски крена раце од гасификацијата на Скопје. Идентично како што крена раце и од суштинскиот развој на градот, од борбата за почист воздух“, изјави на денешната пресконференција, Драги Давчевски, советник во Град Скопје

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош