(ВИДЕО) Клековски: 35 потврдени случаи на западнонилска треска, три лица починаа

Од:

Во моментот има 35 потврдени случаи и три суспектни на западно-нилска треска, кои се во процес на дијагностицирање, а шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега на Инфективна клиника. Од потврдените случаи, најголем дел се згрижени во Клиниката за инфективни болести, а еден пациент е згрижен во приватна здравствена установа, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски.

Министерот додаде дека досега 15 се излекувани и се отпуштени од Клиниката за инфективни болести. Тој истакна дека во моментот најактивно подрачје во Европа со западно-нилска треска е Атина и посочи дека во Грција досега има 81 случај со невроинвазивна форма и девет починати, а веќе има случаи и во пограничните зони со Македонија.

– Здравствените капацитети дијагностички се подигнати максимално, ако минатите години се правеле по 40 анализи годишно, ние сме веќе на ритам од 4 до 8 анализи дневно, а да потсетам дека двапати треба два независни теста за конечна потврда на дијагнозата, рече Клековски.

Додаде дека веќе се информирани сите доктори кои можат да дојдат во контакт со евентуално заболени пациенти.

– Веќе се информирани сите инфективни одделенија, матичните лекари, семејните лекари, Клиниката за неврологија а и невролозите генерално, така што алертот за препознавање и дијагностицирање и капацитетот за дијагностицирање е тука – посочи Клековски.

Тој истакна и дека во однос на мапирањето на заболените, треба да се прави разлика меѓу местото на живеење на лицата и местото каде што се заболеле од вирусот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

Втор смртен случај од западнонилска треска во државата

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На Инфективната клиника уште еден сомнителен случај на Западнонилска треска

СДСМ: Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

МЗ: Состојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западно нилска треска.

А1он