(ВИДЕО) Кирков: Проблемот со африканската чума може да се реши без да се изврши масакр на животните

Од:

„Пред само 3 дена, криминалната Влада донесе одлука дека Владата на Република Македонија поради некакви заштити и превентива ќе започне со отстрел на диви свињи на територијата на Република Македонија.

Сакајќи да ја дефокусираат јавноста од големите криминални скандали кои ја пратат оваа влада, неуспесите во секое поле, како и особено неуспехот на полето на заштита на фауната во Република Македонија, излегуваат јавно и соопштуваат дека ќе започнат со уништување т.е отстрел на диви свињи на целата територија на Република Македонија притоа истото ќе го субвенцираат за ловците, а најсрамно е и вклучувајќи ги и единиците од Армијата на Република Македонија“, рече Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сметаме дека ваков начин на постапување на решавање на проблемот со болеста африканска чума која да напоменеме не е опасна по здравјето на луѓето е срамна , ниту една држава не постапува радикално на ваков начин за решавање на овој проблем туку за истото постојат закони согласно напишани стандарди кој ги применуваат сите земји членки на Европската Унија.

Оваа одлука побуни реакции кај сите друштва за заштита на животни кои веднаш се екипираа и излегоа со заеднички став, а кон нивниот став ВМРО ДПМНЕ го дели истото и ја дава безрезервно својата поддршка, а пред се апелира да веднаш се прекине со акцијата за масакр на дивите свињи на територијата на Македонија.

Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето и пристапот на една Влада кон заштитата на животинскиот свет.

Ако институциите на власта навистина сакаат да го решат овој проблем како што напоменав, постојат низа останати мерки. Проблемот може да се реши без притоа да се изврши масакр на животните што може да допринесе до целосно изумирање и исчезнување на некои видови на раси на дивити свињи. Особено е важно да напоменеме дека одредени видови на диви свињи се пред истребување и изумирање. Со овој отстрел, неколку видови диви свињи ќе бидат истребени и никогаш повеќе нема да виреат на нашата територијата.

Ова не е прв пат кога СДСМ врши отстрел на животни во Република Македонија, за жал се уште не е расчистен масакрот на дивите свињи што го направија високи функционери на СДСМ пред 2 години во Јасен, каде што се направи штета од стотици илјади евра.

Апелираме надлежните институции да се преиспитаат во одлуките и да не го реализираат овој масакр. Отстрелот на животни е најрадикална мерка која не смее туку така да се реализира“, изјави Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее