(ВИДЕО) Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се фатени во нова игра, не дозволувам манипулации со Избирачкиот список!

Од:

Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Алаксандар Кирацовски тврди дека тимовите што се испратени од МИОА до Државната изборна комисија за внесување на податоците од теренска проверка на Избирачкиот список во специјална електронска евиденција не се составени според Договорот од Пржино.

Според Кирацовски, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сами составиле тимови, а и до него било адресирано писмото со кое ДИК во петокот побарала кадри од МИОА за внесување на податоците во осум подрачни одделенија во Скопје и државата.

– Укажувам на ДИК дека испратените тимови не се составени според обврската од Договорот од Пржино, списокот нема мој потпис, поради што барам на овие тимови да не им биде дозволено внесување на податоците од теренската проверка додека не се обезбеди побараната двојна контрола, рече денеска на прес-конференција Кирацовски.

Побара повлекување на тимовите составени во ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ и истакна дека инсистира на двојна контрола при внесувањето на податоците поради што ќе побара итен состанок со министерката  Арсовска Томовска и државниот секретар Јахи Јахија.

Според Кирацовски, спорно и и тоа што ДИК официјално изразува потреба од 36 лица за осум општини, а, како што рече, испратени се над 100 лица во скоро сите општински изборни комисии.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници