(ВИДЕО) Кирацовски: Пред нас е клучна година за нашата земја, продолжуваме со реформите што носат живот

Од:

„Зад нас е годината која донесе многу за нашата Македонија.

Избравме живот, во едно демократско општество, за сите! 2017-та ќе остане запаметена како година во која Македонија расчисти со режимот и зачекори по вистинскиот пат на слобода, демократија, правда и напредок.

После години стагнација, нашата убава земја одлучно тргна напред, со подадена рака кон граѓаните, соседите, светот.

Со сиот свој капацитет, заедно, започнавме одново да го градиме демократското, праведно општество за сите. Општество во кое човекот е центарот на вниманието, а решенијата за подобар живот, прв императив.

Денес, граѓаните се фокусот на работата на секој функционер, на секој политичар.

Државните институции работат независно, без какви било партиски притисоци и во интерес на граѓаните.

Медиумите известуваат слободно, претставниците на власта се секогаш на дебати, а јавноста е навремено и целосно информирана за секоја активност на Владата и Собранието.

Слободно живееме, слободно избираме, слободно се изразуваме. Вашиот глас, преточен во резултатот на локалните избори потврди дека сме на вистинскиот пат.

Огромната ваша поддршка за нас останува главен мотив да работиме уште попосветено и поодговорно, како на централно, така и на локално ниво.

Пред нас е клучна година за нашата иднината, но и иднината на генерациите што доаѓаат.

Копнежот на многумина пред нас, желбата на многу од нас е на дофат.

Мора да продолжиме по патот на реформите коишто Македонија ја градат како правна држава, општество рамноправно за сите граѓани.

Продолжуваме од нашата Македонија да градиме држава со висок економски раст целосно интегрирана во ЕУ и НАТО, онаму каде што припаѓа.

Земја со реформи кои стопанството ќе го направат резервоар за работни места, а бизнис секторот поатрактивен отколку што денес е јавната администрација.

Реформи кои ги враќаат парите назад кај граѓаните.

За семејствата да ни се спокојни, децата насмеани.

Секој беше важен и секој останува важен!

Во новата 2018 година продолжуваме заедно да работиме чесно, посветено и одговорно во спроведување на мерките што обезбедуваат живот за сите.

Нека ни е среќна и бериќетна новата 2018 година!“, рече Александар Кирацовски, Генерален секретар на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски