(ВИДЕО) Кирацовски: Обвинителството да истражи дали бизнисот со тутунот одел преку власта

Од:

СДСМ бара Јавното обвинителство да отвори случај за сериозните наводи за организиран криминал со тутун и цигари. СДСМ остро реагира на молкот на институциите, посебно на Јавното обвинителство коешто има должност да ги штити интересите на граѓаните на Република Македонија, вели Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ.

Власта на Груевски, во паника, деновиве, до ливче го собра нелегалниот тутун на нивите во Могила, мислејки дека така ќе го покријат случајот за којшто има сериозни индиции дека се вмешани луѓе од врвот на Владата.

Но, прашањата остануваат отворени, а должност да ги разреши има Јавното обвинителство:

-Дали и со чие одобрение цели 5 години противзаконски се садел тутун во Могила?
-Дали овој тутун завршувал во скопско Арачиново?

-Дали и со чие одобрение од врвот на власта одел црниот бизнис на релација Могила – Арачиново – Косово?

-Кај кого завршувале цели 5 години по 5 милиони и 200 илјади евра пари на црно?
-Кој избегнувал цели 5 години данок во износ од над 2 милиони и 500 илјади евра годишно?

-Зошто акцијата се спроведува дури сега, откако СДСМ го обелодени скандалот?

-Како е можно Министерството за земјоделство 5 години да не знаело што се случува во Могила, и навреме да ги предупреди земјоделците?

-Како е можно МВР и инспекциските служби да не знаат што се случува во Могила цели 5 години?

Кој ги навел луѓето незаконски да садат тутун? Тоа е исто така кршење на законот.
Одземањето на тутунот не е решение.

СДСМ апелира институциите да не се преправаат дека ништо од ова не слушнале, туку да испитаат дали и кој од власта стои во позадина на случајот Вирџинија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Реакција на Групацијата за производство на цигари и Здружение на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на С. Македонија на Предлог-текстот на законот за заштита од пушење

Горан Наумовски

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО