(ВИДЕО) Кирацовски: На 75 години од депортацијата на Евреите оддаваме почит на жртвите и испраќаме порака таков чин никогаш повеќе да не се повтори

Од:

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник во Собранието, Александар Кирацовски, денеска беше во Битола и присуствуваше на одбележувањето 75 години од депортацијата на македонските Евреи.

„Денеска во Битола ќе маршираме во чест на депортираните еврејски семејства од Македонија, од Битола жртви на Холокаустот, со што до светот испраќаме порака за мир, заедништво и соживот.

Преку овој марш симболично ќе ја претставуваме патеката по којашто токму тука од Битола чекореле 793 семејства коишто биле депортирани.

Овој трагичен настан во Битола испраќа порака до светот, како истиот може да биде суров, може да биде ранлив доколку навреме не се спротивставиме на злото.

Затоа, денеска на 75-годишнината од депортацијата на евреите од Битола и Македонија, чекорејќи по нивните стапки, до светот ќе ја испратиме пораката за соживот, мир, а овие настани да останат во историјата и никогаш да не се повторат“, изјави Кирацовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?