(ВИДЕО) Кирацовски: Мерки за поддршка на претприемачите и отворање нови работни места

Од:

Наспроти помпезните најави за странски инвестиции и скапите роуд-шоуа, бројот на невработени граѓани во Македонија расте од месец во месец. Според официјалните податоци на Агенцијата за вработување, само за два месеци, во септември и октомври оваа година, бројот на невработени граѓани се зголемил за 20 илјади, вели Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ.

Во услови на огромна невработеност, која постојано расте, решението е во развојот и поттикнувањето на претприемништвото, додава тој.

Актуелната власт нема капацитет за развој на овој сектор.

Владата во овој момент нуди кредити за самовработување, за чие добивање треба да се поминат безброј административни лавиринти, покритие на кредитот и жиранти. Во услови на презадолженост на граѓаните, секој или има кредити или е жирант, искористувањето на оваа можност едноставно е невозможнo.

Единствено што како мерка-гранд за самовработување го нуди власта се 3.000 евра во форма на опрема и репроматеријали. Овие средства се далеку од доволни. Само една казна е 3.200 евра.

Невработеноста во голема мера може да се намали со вистински политики, мерки и решенија за поддршка на претприемачите.

СДСМ предлага неколку конкретни мерки за поддршка на претприемаштвото:

1. Неповратна финансиска помош во висина од 10.000 евра;
2. Просторна и канцелариска поддршка;
3. Едукативна поддршка преку квалитетни бизнис обуки и можност за користење на искусни бизнис ментори;
4. Правна и административна поддршка;

Оваа поддршка да биде опфатена со едногодишна програма, а реализирана преку т.н. бизнис Старт-ап центри. На тој начин претприемачите нема да бидат оставени сами на себе, туку во текот на една година покрај финансиите ќе имаат поддршка и од стручни тимови додека самите не застанат на „здрави нозе“.

Поддржувајќи отворање на 1.500 микро и мали бизниси годишно всушност се поттикнуваат околу 5.000 нови работни места во текот на една година. За четири години тоа се нови 20 илјади работни места само преку поддршка на претприемништвото.

На ваков начин, со одржлива и конкретна поддршка невработеноста во Македонија значително ќе се намали.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата