(ВИДЕО) Кирацовски: Изборот пред гласачката кутија ќе ја одлучи иднината на Македонија и на сите граѓани што живеат во неа

Од:

Референдумот во недела е историска, животна шанса на нашата генерација, преку која ја обезбедуваме нашата иднина. Во недела не се седи дома. Во недела избираме помеѓу ЗА и ПРОТИВ. Дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад. Дали ќе одбереме светлина или темнина, иднина или изолација. Избираме помеѓу европска Македонија или Македонија од која младите ќе се иселуваат во некоја друга европска држава, рече Александар Кирацовски од СДСМ.

Тој кажа дека изборот го прават тие што ќе излезат да гласаат.

– Нивниот избор пред гласачката кутија, ќе ја одлучи иднината на Македонија и на сите граѓани што живеат во неа, рече Кирацовски.

Обраќајки се до граѓаните тој порача дека што и да направат во недела тоа ќе влијае трајно врз иднината на нивниот живот и врз иднината на државата.

Почитуван граѓанину,

Што и да направиш во недела ќе влијае трајно врз иднината на твојот живот и врз иднината на државата, трајно ќе влијае врз иднината на твоите деца, на нашите деца.

Судбината на идните поколенија е во твоите раце и во твојот глас.

Ти си тој кој одлучува. Затоа во недела излези и гласај ЗА европска Македонија.

Почитувани граѓани,

Ајде сите заедно во недела да излеземе, и да гласаме ЗА европска Македонија, затоа што ова е одлука на нашата генерација.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он