(ВИДЕО) Кирацовски: Денес одлучуваме во која насока ќе се движи нашата земја

Од:

„Го искористив своето гласачко право и гласав за избор на претседател, гласачкото право и гласањето е еден демократски чин којшто истовремено е и чесно и одговорно затоа што сите заедно одлучуваме во која насока ќе се движи нашата држава.

Мирна, позитивна и демократска атмосфера којашто беше обележје на целата изборна кампањата, гледам дека продолжи и денеска на избирачките места ширум државата.

Граѓаните своето гласачко право го искористија слободно, на достоинствен и демократски начин.

Институциите со сите свои капацитети одговорија на предизвикот изборите да минат во најдобар ред, како што впрочем и прилега на држава идна членка на НАТО и ЕУ.

Очекувам одговорност од сите учесници во оваа изборна кампања токму денес на изборниот ден да направиме се, сите заедно истиот да помине во една мирна, демократска и позитивна атмосфера до самиот крај“, рече генералниот секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб, Александар Кирацовски.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?