(ВИДЕО) Кирацовски: Делото на Кирил и Методиј е водилка да работиме за општо добро на сите граѓани

Од:

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски, по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј и ден на словенската писменост и култура упати честитка до граѓаните на Република Македонија.

„Во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, упатувам честитка до граѓаните по повод 24-ти мај.

Денеска со особена гордост и достоинство, го славиме денот на сесловенската писменост и култура, го славиме делото на браќата Кирил и Методиј.

Светите Просветители Кирил и Методиј имаат уникатно историско и културно значење за целиот свет, особено за Македонија, промовирајќи ја нашата татковина како родилка на сесловенската писменост и култура.

Нивната дејност нека биде пример и водилка за сите нас, да се стремиме и да работиме за општо добро, за подобро заедничко утре на сегашните и идни генерации.

Делото на Кирил и Методиј е наша водилка да работиме за доброто на сегашните и идни генерации“, се вели во честитката на Кирацовски до граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите