ВИДЕО: Кекеновски, Бачев и Делчев Тодев со поддршка за таксистите и автобуски превозници кои протестираат во Гевгелија

Од:

Претседателот на Народно движење за Македонија  д-р Јанко Бачев, членот на ФРОДЕМ д-р Јове Кекеновски и Гоце Делчев Тодев генерален координатор на Конфедерацијата на самостојни синдикати, вчера, 12.02.2016 во Гевгелија ги посетија и им изразија поддршка на такси и автобуските превозници кои го блокираат граничниот премин Богородица поради непримена на договорот за рамноправен транспорт на бегалците со Македонски железници транспорт.

– Ние денеска дојдовме да изразиме максимална подршка на такси и автобуските превозници на кои им е загрозено уставно загарантираното право на штрајк и работа. Не можеме да се изначудиме на одлуки на управувачкиот комитет и министерот сезнајко кој е на чело на тој комитет на штета на овие лојални граѓани. Уставот промовира социјална држава и оттука секој во оваа држава а посебно оние што се на функции треба да водат сметка за социјалната димензија. Овие луќе се легално лиценцирани, ги плаѓаат сите давачи спрема државата и општината, а слушаме дека од општината никаде ги нема и оттука апелираме градоначалникот да ги прими и да се заложи за неговите сограѓани, бидејќи тој и неговата администрација им издавал лиценци, мора да води сметка бидејќи овие граѓани не може да му требаат само за избори. Исто така и привремениот премиер треба да ги прими и да им излезе во пресрет, бидејќи ни криви ни должни се најдени во ваква ситуација. Посебно инсистираме да се најде наредбодавачот на одлуката со која е извршена брутална употреба на сила над овие граѓани и тој треба да ја добие заслужената казна за пречекорување на овластувањата – рече Кекеновски.

– Ние сме фрапирани од тоа што го слушнавме на лице место дека полицијата употребила сила против овие мирни протести, а уште поголемо е изненадувањето што државата се меша во уставно загарантираното право на околу 500 фамилии за обезбедување на егзистенцијата од такси и автобуски превоз. За нас е жално и срамно што државата се меша во уставното овластување за слободно делување со што обезбедува монопол на Македонски железници која е државна фирма. Жално е за една држава со буџет од 3 милијарди евра да се меша на таков начин за едни смешни суми од овие мигранти да го полни буџетот  што само ја покажува лошата слика за државата и најверојатно буџетот е во лоша кондиција кога државата се осмели да прибира средства и на ваков начин. Оттука, апелираме до владата да го реши овој проблем и да им овомозжи на овие луѓе слободно делување, а  воопшто не држи тој идиотски аргумент на директорот на Македонски железници, доколку се дозволи превоз од таксистите ќе била загрозена безбедноста. Тоа не е точно,  бидејќи државата има механизми како да обезбеди безбеден такси и автобуски превоз од Богородица до Табановце, значи само треба желба и волја да се регулира тој процес на адекватен начин.  Во една нормална држава јасна е нејзината улога, државата треба само да се грижи за безбедноста и низ овие мигрантски рути да не влегуваат евентуално припадници на терористички организации кои веќе слушаме во јавноста дека ги има. Ние, наивно сме верувале дека државата ќе ја штити безбедноста на граѓаните од разни терористички активности. Па, тогаш, кој ќе ги тепа граѓаните? Излегува фактички дека државата со овие активности ги тепа сопствените граѓани, и оттука, апелираме полицијата да си ја врши својата основна дејност и да ги прави неопходните безбедносни проверки, евентуално да нема лица што можат да ја загрозат безбедноста. Ќе повторам, може сосема безбедно да се врши превозот на мигранти со автобуски и такси превоз, а државата си има механизми како да се регулира тоа,  и оттука таа лакомост на државата да прибира средства и на ваков начин е смешно за една современа држава, така да, се надеваме дека ќе допре овој апел до надлежните и ќе им овозможат на граѓаните слободно да ја вршат својата дејност со што фактички обезбедуваат егзистенција за своите фамилии – рече Бачев.

– Жалам  што Сител, Канал 5 и МТВ не се денеска со нас да видат како 500 граѓани се борат за нивните права, односно за она што практично плаќаат даночно и во касата на општината Гевглеија и државата одвојуваат даночен денар за нивниот опстанок. Поздрав до грчките земјоделци кои на Ники протестираат неколку недели, синдикално се опфатени сите нивни земјоделци кои буквално ги блокираат прелазите надвор од Евзони и Богородица, а за возврат на сето тоа што таму се случува и од таму го објавуваат и Сител и Канал 5, а ги заборавија македонските граѓани. Јас ги охрабрувам сите припадници на такси здруженијата кои непрекинато се неколку месеци, барајки да превезуваат мигранти, сакам да ја охрабрам нивната борба да ја продолжат со едно силно синдикално здружување и обединување дури барајќи подршка од други синдикални здруженија, а ние во Конфедерацијата на синдикални организации бланко ја даваме подршката и затоа јас денеска сум пристутен тука на повик на дел од вашите колеги од Гевгелија а се членови како поединци на Конфедерацијата на синдикални организации. Ова е знак дека наредните избори нема да бидат само избори политиката да владее туку, работниците и нивниот труд, и мора синдикално да се здужиме и да ги обединиме силите без разлика кој во која синдикална организација членува, со цел да не бегаме од нашите огништа, фрапантна е бројката дека половина милион луѓе побарале животна егзистенција надвор од државата. Спрема тоа, ние мора да седнеме и да договориме една агенда на делување, да побараме и од времениот премиер хитно решавање на ова мат ситуација во која букално сите вие барате решение за излез – рече Делчев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска