(ВИДЕО) Казанџиска: Власта предизборно не заплашува со кривични пријави

Од:

Пратеничката Билјана Казанџиска и кандидатот за градоначалник на Штип Здравко Коцев, како што објави Република заработиле кривични пријави поради инцидентот кога отпорашите стоеја пред полициската станица кога полицијата го повика на разговор Коцев.

Според полицијата истата група протестирајќи пред Фондот за Здравствено и пензиско осигурување со ланец ја врзаа вратата со што граѓаните не можеа да влезат во Фондот. Кривичната пријава против двајцата е за соизвршителство при спречување на службено лице при вршење на службена должност и напад врз службено лице.

„Немаме добиено на писмено ништо, ова е само заплашување на власта пред избори. Ниту кривична пријава ниту ништо нема да не поколеба“, вели во изјава за А1он Казанџиска.

Таа најави дека тие подготвуваат кривична пријава бидејќи имало пречекорување на овластување и напад од службено лице врз нив.

Еве и потсетување од видеото, што се случуваше тој ден.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната