(ВИДЕО) Казанџиска: Трошењето на власта ја носи земјава во грчко сценарио

Од:

„И ние граѓаните од Штип бараме по истиот закон и под истите услови со буџетски пари како што Град Скопје ги има набавено автобустите и за граѓаните на штип со буџетски пари да се набават 10 автобуси, нека се возат со гордост овие автобуси низ улиците на Штип. За Скопје јавните набавки биле во износ од над 4 милјарди денари, а за Штип нула, тоа значи дека оваа власт ниту има слух ниту има разбирање за потребите на граѓаните на општина Штип“, рече Билјана Казанџиска и додаде:

Бараме само 70 милиони денари за 10 автобуси, не бараме 4 милјарди. Бараме и пензионерите од Штип да го користат правото на слободен превоз како што тоа го имаат пензионерите во Скопје. Немојте да имате различен аршин помеѓу граѓаните од внатрешноста и граѓаните од Скопје.

2 милиони евра се задолжо општина Штип за паркинг во центарот на градот, инвеститорите си заминаа се што остана се два столба сведоштво на срамот, дали Премиерот кој потекнува токму од овој град се гордее со ова? Дали државата како гарант на земениот кредит од 2 милиони евра ќе ја сноси одговорноста во име на граѓаните на Штип бидејќи граѓаните не можат повеќе да плаќаат, им се покачија даноците за имот за 300%, им се покачи водата, епа што понатаму?

Колеги ова е фарса невидена, дали територијата на Македонија е од Петровец до Ѓорче Петров? За ВМРО ДПМНЕ очигледно е дека треба да има развој на Скопје и за ништо друго.

Сте лажеле уште на првата страница од програмата! Ваквото однесување и трошење на владата и носи штета на граѓаните и се заканува Македонија да ја однесе во грчко сценарио и ова мора еднаш за секогаш да запре! Повеќе на видеото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски