ВИДЕО: Кавга на комисијата за политички систем, Ѓорчев продолжува со политички говори

Од:

Наместо да претседава со комисијата за политички систем, Владимир Ѓорчев иако беше опоменат од пратеничките групи на СДСМ, ДУИ и ДПА, продолжи да држи политички говори.

Поради ваквото однесување, пратениците обвинија дека со ваквото водење на комисијата, Ѓорчев си печали место на пратеничките листи за изборите на 11 декември.

Претседателот на комисијата за политички систем, Владимир Ѓорчев кажа дека поради ставовите кои ги изнесува опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ на изборите треба да добие 62 пратеника.

– Ви ги разбирам мотивите, можеби и вашиот личен порив за поведението и начинот на кој што ја водите комисијата. Веројатно се борите за место на листата, очигледно е дека надвор од политиката нема да можете да заработите за леб, рече Петре Шилегов од СДСМ.

Опозицијата обвини дека Ѓорчев не претседава со комисијата деловнички, на што координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски обвини дека опозицијата сака да ја прекине седницата.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик