(ВИДЕО) Касами си направи предизборен спот од посетата на Курти

Од:

Приватната посета на Албин Курти во Тетово, градоначаникот Билал Касами ја искористи за спот кој почнува со зборовите од песната „Добредојде во Албанија“ на тетовскиот бенд Елита 5. Видеото го објави на неговиот профил на Фејсбук, во исто време додека се упатуваа критики за национализмот со кој веќе тргна во презиборна трка. Злоупотребена е и песната само поради почетокот, иако во неа овој рок бенд го опишува животот на младиот човек соочен со невработеноста во Албанија.

Спотот е и одговор на барањето да се извини, заедно со лидерот на Алтернатива Африм Гаши и Изет Меџити, досегашниот член на ДУИ и основач на новата албанска партија. Посетата на Курти очигледно предизвика повеќе проблеми, посебно што многумина го осудија што се дрзна да дели совети сред Македонија со кого треба, а со кого не треба да развива добри односи државава.

Вакви националистички однесувања се редовен фолклор на секоја албанска опозиција пред избори, со цел собирање гласови. А тоа му треба и на Изет Меџити кој има нова партија, и на Гаши и на Касами. Очигледно приватната посета на Курти е да им даде сила во борбата против ДУИ која ниедна албанска партија не успеа да ја симне дваесетина години од власт.

На настанот кој го организираше општината Тетово немаше државно знаме, ниту беше интонирана македонската химна. Напротив, се вееше знаме на Голема Албанија, а надлежните органи најавија дека ќе покренат соодветна постапки и дека ќе бидат казнети.

Би можело да ве интересира

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Запалени две диви депонии во тетовско