ВИДЕО: Касами се сомнева дека неговиот пратеник присилно се држи некаде, за да не гласа за пад на Владата

Од:

Лидерот на БЕСА, Билал Касами, се сомнева дека неговиот пратеник Кастриот Реџепи не доаѓа на седница бидејќи негде се држи присилно. Тој кажа дека од вчера, со пратеникот кој напиша дека нема да гласа за пад на владата на СДСМ и ДУИ, нема никаков контакт. Во меѓувреме, го потврди и ставот дека БЕСА останува на ставот дека, како што рече, овој режим треба да падне.

„Се додека нема слика и глас на пратеникот, јас се сомневам дека тоа го има кажано против своја волја. Денеска го немам контактирано. Вчера беше последната информација. Се додека не излезе да каже негов став, да каже дека не е присилен, дека ова е доброволно, јас како претседател на БЕСА имам право да се сомневам дека се држи некаде и не може да дојде во Собранието да каже негов став“, рече Касами.

Прашан дали ќе успеат како опозиција да обезбедат 62 пратеници, како мнозинство, Касами рече: „Во моментов за нас е важно здравјето на пратеникот“.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски