ВИДЕО: Касами пристигна на средба со Заев

Од:

Лидерот на движењето БЕСА, Билал Касами пристигна во седиштето на Социјалдемократскиот сојуз, каде што ќе се сретне со претседателот на СДСМ, Зоран Заев

На средбата најверојатно ќе се разговара околу следните чекори за составување Влада, откако Иванов повторно одби да го даде мандатот.

Исто така најверојатно ќе се разговара за свикување на седница на Собранието на која треба да се избере нов претседател на Законодавниот дом.

Доколку сегашниот претседател Вељаноски одбие да свика седница, тоа може да го стори најстариот пратеник, односно Бранко Манојловски од ДУИ.

Во јавноста како најсериозен кандидат за претседател на собранието, засега се спомнува Талат Џафери.

Синоќа во седиштето на СДСМ, Заев имаше средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која се разговараше за излезот од кризата во која се наоѓа земјата.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски