(ВИДЕО) Каранфилова Пановска: ФООМ донирала над 32 милиони долари во образованието, 13, 5 милиони долари во јавното здравство

Од:

Извршната директорка на Фондацијата Отворено Општество Македонија, Фани Каранфилова Пановска во интервју за НОВАТВ посочи дека пораките на екс премиерот Никола Груевски насочени против фондација се лаги, манипулации и тешка злоупотреба на полувистини и дека Груевски покажува сериозна опседнатост со теориите на заговор.

-Очигледна е тенденција за долго најавуваната чиста со неистомислениците да се случи доколку на сегашниот мандатар Никола Груевски му се укаже можност да формира влада. Тоа ќе биде вовед во тоа што тој го нарекува десороизација односно укинување на фондацијата и невладините организации, рече Каранфилова Пановска.

-Џорџ Сорос го доби целосниот превод на интервјуто направен од наша страна, превод на еден дел прилози објавени на Сител, превод на интервјуто на Груевски за “Дневник“ и сето тоа е испратено во Фондацијата во Њујорк од каде сега се очекува реакција, рече извршната директорка на ФООМ.

-Загрижува фактот што има нова постапка, како што информираа на прес конференција од опозицијата, која се спроведува по налог на Управата за финасиско разузнавање , не знаеме кој е се на списокот на овие 22 невладини организации и 42 физички лица за периодот од 2011-2016 година, што е една сериозна акција која за да се спроведува на таков начин требаат да имаат сериозен основ за таква постапка. Не верувам дека имаат таков основ но тоа е показател дека притисокот се зголемува и оваа власт која сака да го ограничи просторот за граѓанскиот сектор.
Што се однесува до УЈП, Фондацијата подлежи на три ревизии годишно, кои траат од март до мај, и кога се “чешла“ работењето по разни основи. Резултатите од тие ревизии редовно ги објавуваме во дневниот печат и тие се видливи, рече Каранфилова Пановска.

Таа информираше дека Фондацијата од нејзиното основање во 1992 година до денес има инвестирано 145 милиони долари во Македонија, средства од основачот Џорџ Сорос, но се и пари на други донатори пред се на големи проекти донирани од ЕУ, ОБСЕ Холандската амбасада, германската влада и други кои Фондацијата ги имплементирала.
Во врска со последната акција на УЈП во невладините организации кои добивале финасиска поддршка од ФООМ, Каранфилова Пановска кажа:

Од 5 декември па се до пред новогодишните празници беше најавена а некаде остварена контрола врз 22 невладини организации вклучувајќи ја и ФООМ. Најголем дел се финасирани од нас и беа многу активни во предизборието на терен работејќи со граѓаните убедувајќи ги дека е многу важно да се излезе и да се гласа и дека тајноста на гласањето е загарантирано.

Таа ги отфрли како неточни тврдењата на власта дека ФООМ финансира организации кои работат на уривање на власта ја поддржуваат левицата.

ФООМ од овие 145 милиони долари има платени над 7 милиони долари данок во буџетот на РМ. Тоа е првио факт. Не многу често се кажуваат фактите дека ФООМ над една петтина, односно над 32 милиони долари има инвестирани за образованието, над 13, 5 милиони долари во јавното здравство.

Кога се зборува за образование, сите нивоа на образование, огромниот износ средства за 3.500 стипендисти кои биле поддржани да го завршат своето образование, над 200 студенти Роми го имаат завршено своето образобание, а некои се на високи функции во оваа власт на Никола Груевски, како Ибрахим Ибраими, актуелниот министер за труд и социјална политика Сличен случај е Реџеп Али Чупи кој беше стипендист на нашата програма и член на Управниот одбор, и сега ја води Управата за унапредување на образованието и јазиците на праипадниците на заедниците во РМ. Голем дел работат во разни организации во Европа и пошироко, рече извршната дирекотка на ФООМ.

За образование е битно да се спомене дека во 2009 година со потпис на тогашниот министер за образование, Никола Тодоров ФООМ има помогнато во износ од над 1 милион долари на 19.000 ученици, сиромашни ученици осо различен училишен прибор и згрижено над 1.000 деца со посебни потреби.

ФООМ уште во 2002 и 2003 година поддржа процес на еваулација на виокообразовни институции во согласност со ректоратите на двата државни универзитети, со што денеска Владата се фали како се еваулираат и тие се рангираат.
За прв пат со наша поддршка се направи национална програма за образование, 2005-2015 година,комплетно финасирана од наша страна и се уште стои на страната на Министерството за образование.

Во 2006 година на барање на МВР, Фондацијата односно со потпис на тогашниот извршен директор Владимир Милчин и тогашната министерка Гордана Јанкуловска сме финасирале тим од петмина вработени во Министерството кои требаше да работат на усогласување на правните акти поврзани со реформата на полицијата односно со обврските кои и претстоеа пред пристапувањето во ЕУ. Оваа поддршка е над 85.000 долари.

Во 2009-2012 Министерството за труд и социјална политика во директна соработка со иницијативата за ментално здравје која е соросова програма, користи средства од околу 800.000 долари директна помош, со кои што беше целта да се помогне во деинституционализацијата на Специјалниот завод во Демир Капија. Ова се директно соросови пари дадени на министерството за една благородна работа, а поради слабите капациети на министерството.
Фани Каранфилова Пановска кажа дека аргументот на Груевски дека ФООМ поддржува НВО кои ја критикуваат власта покажува едно незнање на Груевски.

-Невладините организации постојат за да ги штитат интересите на граѓаните. Секогаш кога тие интереси се загрозени тие имаат обврска да реагираат. Тоа што голем дел од организациите добиле грант од ФООМ, ние сме покажале дека само едно силно граѓанско општество е еден од главните фактори кои детерминираат дали ќе има демократија или авторитарност во едно општество.

Таа на прашање одговори дека актуелниот претседател Ѓорги Иванов бил четири години член на УО на ФООМ.

-Иванов беше вклучен во бордот како еден од експертите за граѓанската демократија, и толку време колку и што седеше на тоа место беше конструктивен и придонесуваше.

Илија Димовски беше дел од младинските програми на Фондацијата, на дебатната прграма, и како еден од истакнатите млади луѓе беше дел од пододборот.

Во 2006 година пред парламентарните избори на кои ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт Фондацијата додели грант на Државната изборна комисија од 50.000 долари со која тогаш претседаваше Јосифовски од ВМРО-ДПМНЕ со цел да се зајакнат капацитетите и изборите да се организираат на демократски начин.
2016 година доделивме 250.000 долари на специјализирани граѓански организации да и помогнат на Владата за одржливи програми кои се однесуваат на превенција, тоа е договор со Министерството за здравство, рече извршната директорка на ФООМ, Фани Каранфилова Пановска.

Би можело да ве интересира

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Ана Ололовска

ФООМ додели награди за средношколци и наставници

Ана Ололовска

ФООМ бара итно повлекување на законската измена за заменици директори во јавните претпријатија

Наум Локоски

ФООМ – 25 години поддршка за силни и активни граѓани и демократско општество

Ана Ололовска

НОВУС го заврши сетот на обуки за запознавање на младите со европските политики и институции

Ана Ололовска

Фондацијата „Отворено општество“ бара официјална потврда од ЈО за истрагите против НВО секторот

Ана Ололовска