ВИДЕО: Караџовски го крши Уставот, ама смета дека е во право

Од:

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски го прекрши уставното право на екс претседателката на Управен суд и кандидатка за нов мандат, Лидија Неделкова која побара јавно да се разгледува нејзиниот приговор.

Тој смета дека не е прекршен Уставот, бидејќи оцените на судиите биле од доверлив караткер, но на новинарско прашање зошто не овозможил јавност кога Уставот е над законите, тој одговори дека доволно образложил од кои причини не го сторил тоа.

– Согласно законот за судовите и деловникот за работа на Сускиот совет на Република Македонија мора да се испочитуваат одредбите за нејавност на седниците во овој дел, особено што решенијата кои се изготвуваат со оцените се од доверлив карактер. Секој ја добива оцената во затворен плик. Тоа е така уредено и со законот и со деловникот на работа и од тие причини не може јавноста да биде присутна, рече Караџовски.

Тој не кажа ни дали екс претседателот на Основен суд, Владимир Панчевски поднел приговор повторно повикувајќи се на закон и рече прашањето да го упатиме кај Панчевски.

– Имаше приговори од кандидати од сите судови освен од кандидатите за претседател на Основен суд Тетово. За другите огласени места за претседатели имаше приговори, но само од дел од кандидатите, рече Караџовски.

Претседателот на Судскиот совет кажа дека дел од приговорите се уважени, а дел не, но не кажа чиви приговори се прифатени.

– Дел каде што имаше основаност има изменет број на бодови, а во дел се првичните оцени, рече Караџовски.

Би можело да ве интересира

Судски совет донесе заклучок за продолжување на постапката за избор на двајца членови на Советот

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ