(ВИДЕО) Кара: Турската операција во Сирија ќе продолжи се до чистење на регионот од терористи

Од:

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи се до чистење на регионот од терористи. Досега се убиени и ранети 637 припадници на курдската работничка партија ПКК, а дваесетина им се предадоа на турските власти, изјави турската амбасадорка во Скопје, Тулин Еркал Кара.

Таа рече дека конечна цел на операцијата е воспоставување гранична безбедност и спречување на заживувањето на ИСИС, како и отворање на патот за сириските бегалци да се вратат во својата татковина.

„Операцијата Извор на мирот се реализира според меѓународното право односно правото на самоодбрана и со зачувување на територијалниот интегритет на Сирија“, рече Кара.

Од почетокот на операцијата, терористите од ПКК, како што рече Кара, извршиле 652 напади со минофрлачи врз Турција, при што биле убиени 20 цивили, меѓу кои и деца и едно 9месечно бебе, како и 4 турски војници. Во турските напади, рече Кара, нема цивилни жртви.

Амбасадорката истакна дека Турција нема намера да ја менува демографијата на регионот и нема територијални претензии.
Очекува меѓународната заедница да ја поддржи Турција во борбата против тероризмот.

Амбасадорката вели дека во некои светски медиуми се пласираат видео материјали кои не се од нападите на Турција, со цел, како што рече, да се оцрни земјата. Таа рече и дека претседателот на САД Доналд Трамп ги осудил овие лажни видео материјали кои биле од други напади извршени во 2007 година, а не од операцијата Извор на мирот.

Според неа се води оцрнувачка медиумска кампања против Турција.

Сашка Додевска

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел