(ВИДЕО) Канческа Милевска: Ова е политички театар на СДСМ и СЈО

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска по распитот во Кривичниот суд во Скопје не беше расположена да одговара на новинарските прашања.

Канческа Милевска на секое новинарско прашање одговараше кратко со „Не“ и влезе во дуел со новинарите.

„Не, треба да ги знаете законите кога поставувате прашање“, вака Канчевска Милевски одговори на новинарското прашање дали и е одземен пасошот како што побара СЈО.

Канческа Милевска кажа дека според неа ова е политички театар организиран од СДСМ, каде што, како што рече СЈО се вклучува за да даде поддршка на СДСМ за изборите.

Министерката не сакаше да одговори на ниту едно новинарско прашање, бидејќи како што рече се кажала на прес конференцијата.

Министерката е осомничена во предметот „Тендери“, за кој според СЈО има докази за проневерени 1 милион евра.

 

Би можело да ве интересира

Филмот „17“ на Косара Митиќ е македонски кандидат за Оскар

Предраг Петровиќ

Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров

„Заедно за подобро утре“, хуманитарен концерт во Велес

„Охридско лето“ со четири џез-вечери отвора ново музичко поглавје

Украдените дела на Реноар, Сезан и Матис пронајдени по пет месеци во Италија

Предраг Петровиќ

Турската кинематографија во фокусот на „Бич филм фестивал Охрид“