ВИДЕО: Канализација ја поплави Кисела Вода, пукна главната цевка на градилиште за нова десеткатница

Од:

Фекалии од цело Пржино се излеваат од градилиште за нова десеткатница на улицата „Дренак“ во населбата Кисела Вода. Изведувачот попладнево ја пукнал главната канализациона цевка, од која сега не престанува да се излева валкана вода.

“Направија прво мала пукнатина на цевката, но место да ја санираат, фрлија песок и палети за да не се гледа. Ова е главниот канализационен вод, канализацијата од цело Пржино тука се слева. Тука е и колекторот. Сега веќе не се сопира, бетонската цевка е пукната и целиот ископ за новата зграда се полни со фекалии”, се жалат жители на околните згради кои стравуваат дека и нивните подруми ќе се наполнат.

Работниците ангажирани како подизведувачи попладнево само ги извадиле градежните машини од ископот.

„Ни рекоа дека ќе упие земјата и се ќе се повлече и си заминаа. Пријавуваме во ‘Водовод’, оттаму ни велат дека не дале согласност и немаат ништо со ископот, а канализацијата не сопира да тече. Веќе почна да се рони и земјата околу ископот, само три метра нѐ делат од дупката”, се жалат соседите.

Инвеститор на десеткатницата е фирмата “Еуро билдинг 2012” од Охрид, а изведувач е “Гипс имобилија дизајн”, кои ангажирале и подизведувачи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна буица го „проголта“ Големиот Кањон – бран висок 4,5 метри однесе сè пред себе

Горан Наумовски

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Тибет достигна 676

359 загинати – се стравува од нов бран наноси во Непал

А1он

Се зголемува бројот на жртвите и на исчезнатите од поплавите во Непал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на жртви во Непал забрзано расте: Откриена е причината за катастрофалните поплави

Горан Наумовски