(ВИДЕО) Камперите пред Собрание: Погрешно сте сфатиле, премиерот нема да поднесе оставка

Од:

Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се уште не им кажале на камперите пред Собрание дека партиските лидери вчера постигнаа договор според кој премиерот, Никола Груевски ќе поднесе оставка на крајот на годината и дека опозициската СДСМ ќе влезе во пет министерства.

И покрај тоа што премиерот ќе ја напушти функцијата четири месеци пред изборите, тие велат дека Груевски не поднесува оставка и дека ништо не се менува.

-Не е вистина дека ќе поднесе оставка. Не, не, не погрешно сте ја сфатиле неговат изјава на прес конференцијата. Договорот, колку што слушнав јас, е дека 100 дена пред изборите всушност Владата ќе ја води член на ВМРО-ДПМНЕ чие име не било спомнато во негативна конотација. Овој договор е победа на премиерот Груевски и на ВМРО ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ победувале и пак ќе победуваат. Договорот прочитајте го во целост и ќе видите дека не е вистина. Министрите од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат да си работат нема никакви оставки и нема никакви отстапки – изјави еден од камперите во анкетата на „А1он“.

Екипата на порталот беше негодување и лутина пречекана во кампот на ВМРО-ДПМНЕ. Камперите одбиваа да дадат свое мислење и не сакаат да зборат ниту пред камера, ниту без камера. Новинарите беа непожелни, а на тоа им укажаа и некои кампери кои бараа да си заминат. Додека се движеа низ шаторите меѓу граѓаните, еден од нив на големите звучници ја пушти химната на ВМРО-ДПМНЕ до крај за да не може да се сними изјава.

-Се уште не знаеме ништо, да знаевме нешто ќе ви кажевме – велеа камперите кои одбиваа да зборуваат пред камера.

На укажувањето дека веќе се е објавено и дека прес конференција имаше и премиерот, тие одговараа:

-Нас никој ништо не ни кажал. Немаме што да кажеме. Додека не дојдат главните не можеме да даваме изјава – велеа тие.

На прашањето кој треба да дојде и да им каже што да прават, тие рекоа дека од има двајца одговорни за кампот од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски