(ВИДЕО) Калевска – Ванчева: Додека СДСМ ги покачува пензиите, Силјановска и ДПМНЕ ги навредуваат пензионерите

Од:

СДСМ во изминатиот период ги покачи пензиите во просек за 6.400 денари а минималната пензија за 50%. Знаеме дека тоа не е доволно и со СДСМ пензиите ќе продолжат да растат. Нашите повозрасни граѓани заслужуваат достоинствена старост. Додека СДСМ ги покачува пензиите, ги почитува и се грижи за повозрасните граѓани, ДПМНЕ и Силјановска ги навредуваат пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу, изјави Снежана Калевска – Ванчева, пратеничка на СДСМ.

– Ваков однос кон пензионерите е несоодветен, непримерен и омаловажувачки, крајно неодговорен за политичар, пратеник или кандидат за претседател. Пензионерите не заслужуваат да бидат вака омаловажувани и Силјановска треба да им се извини. За жал, кандидатката на опозициската партија, Гордана Силјановска Давкова се претвори во уште едно лице на ДПМНЕ.

На граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде продолжена рака на белата палата, нов партиски послушник. Не ни треба реприза на Иванов, не ни трева уште една деценија да изгубиме заглавени на патот кон Брисел. Граѓаните знаат што е најдобро за нив и за Македонија. Затоа ќе излезат на избори и ќе изберат европска иднина со СДСМ и Пендаровски. Ќе кажат НЕ на политиките на ДПМНЕ за изолација и враќање назад – рече Калевска – Ванчева.

Би можело да ве интересира

Колку чини чаната на сопругата на Орце Ѓорѓиевски: СДСМ вели 30 илјади долари, таа одговори дека е 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски