(ВИДЕО) Калеска –Ванчева: Законот за ЈО е темел на реформите во правосудството, гарантира неселективна правда и не дозволува скриена амнестија

Од:

„Пред граѓаните ветивме правда, силна правна држава и независно судство. Законот за јавно обвинителство, кој веќе е во собраниска процедура гарантира независно и професионално јавно обвинителство кое е темел на силна правна држава.

Со законот се гарантира дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правна завршница. Постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер и базирани на докази“, рече Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка и координаторка на Форумот на Жени на СДСМ.

„Покрај зајакнувањето на правната држава, овој Закон гарантира дека нема скриена амнестија за никого и дека секој за кого постои обвинение ќе одговара пред институциите, согласно законите.

Очигледно тоа им пречи на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ па затоа веќе цела година прават се, ова законско решение да не се донесе, да не завладее правната држава.

Затоа и брзаат да се распушти Собранието. Се надеваат дека на тој начин Законот за јавно обвинителство нема да се најде на пленарна седница и дека со тоа нема воопшто да се изгласа.

Тоа е уште еден очаен обид на ВМРО-ДПМНЕ да избега од правдата и да ги попречува процесите на интеграцијата во ЕУ. Но тоа нема да им успее.

Усвојувањето на Законот за јавно обвинителство значи и огромен придонес кон европската перспектива на државата и интегрирањето на нашите граѓани во европското семејство.

Затоа ги повикувам сите пратеници, да бидат на висина на одговорноста и да се стават во функција на правната држава и овој Закон зад кој застанаа и нашите меѓународни пријатели, ЕУ и САД да биде донесен со потребното мнозинство.

Владеењето на правото, силна правна држава и независно судство се основата на секое демократско општество. Како пратеници имаме обврска тоа да го обезбедиме и ќе го обезбедиме преку носењето на Законот за јавно обвинителство“, изјави Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка и координаторка на Форумот на Жени на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“