(ВИДЕО) Калеска-Ванчева: Мицкоски се однесува неодговорно, потребна е вонредна состојба за заштита на здравјето на граѓаните

Од:

„Во услови кога се соочуваме со најголемиот предизвик за заштита на населението од вирусот Ковид-19, кога сите се насочени кон заштита на граѓаните Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мислат само на партиските интереси.

Без план, без конкретни мерки, Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановска на лидерската средба кај претседателот Пендаровски повеќе биле заинтересирани за личните и партиските интереси отколку за граѓаните и нивното здравје, отколку за реална помош за економијата.

Тоа е несериозно и неодговорно однесување во овие моменти“, рече Снежана Калеска-Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ и пратеничка.

„Истовремено, кога цел свет презема остри мерки против ширењето на вирусот и прогласува вонредна состојба за да се спречи пандемијата, тој без никаков аргумент е против прогласувањето на вонредната состојба.

Вонредната состојба е потребна заради засилување на механизмите за заштита и обезбедување инструменти за навремена, конкретна и ефикасна помош кон стопанството и стопанските гранки кои се најпогодени.

Во овие моменти на Република Северна Македонија и е неопходен ефикасен систем кој ќе обезбеди посилни мерки за поефикасно спречување на корона вирусот.

Тоа го бараат и препорачуваат сите, јавноста, граѓаните, експертите…, само Мицкоски се обидува со квази решенија да го опструира процесот на заштита на граѓаните од корона вирусот.

Ситуацијата е сериозна, здравјето на граѓаните е приоритет.

Време е Мицкоски да се престрои на страната на здравјето на граѓаните, да заборави на теснопартиските интереси и да се фокусира за најважното: борба против корона-вирусот.

Граѓаните знаат кој има искрен пристап во решавањето на ситуацијата, а кој манипулира и политички калкулира во вакви сериозни времиња.

Сега не е време за политички манипулации. На државата и граѓаните им треба заедништво во делувањето и посветување на предизвикот“, изјави Снежана Калеска-Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ и пратеничка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски