А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

(ВИДЕО) Мајката на убиениот Пино: Како може некој да убие дете и 6 месеци да јаде, спие и да шета по кафулиња

by Маја Илиевска-Пачемска05/06/2019 - 15:1317/10/2020 - 09:453993
Share0

Доживотен затвор за убијците на 26-годишниот Пинета Секондо побара денес мајка му Маја Трпковска по распитот во Обвинителството. По два часа, мајката повеќе не можела да издржи да зборува за убиството, па распитот бил прекинат со најава да продолжи кога Трпковска ќе собере сила повторно да зборува.

Добивај вести на вибер

Со растреперени раце и на работ на солзи Трпковска по распитот, во изјава за медиумите рече дека луѓето од одделот за исчезнати лица од МВР, кои шест месеци ништо не откриле, треба да бидат избркани од работа.

„Да беа во Америка, убијците ќе добиеја смртна казна. Само монструм може да убие дете и шест месеци да јаде, да спие и да шета во кафулиња. Јас од почетокот зборував – Ангела, Ангела, Ангела, а од одделот за исчезнати лица ми викаа – таа е добро девојче, чесно. Тие луѓе од одделот за исчезнати лица, Драган Лазаров и Слободан Наумовски, треба да бидат избркани од работа оти шест месеци ништо не открија. Им велев да ги проверат телефонските повици, да ги споредат, да го откријат кругот, а тие ништо не направија, ми спуштаа слушалка. Како можеше оваа нова екипа за само неколку дена да открие сè. Огромно благодарам до нив“, вели Трпковска.

Мотивот за убиството сè уште не е утврден, а не е најден ниту автомобилот на Секондо, но случајот сè уште се истражува.

Обвинителството минатата недела јави дека 22-годишната Ангела Ѓеоргиевска на 11 декември минатата година го намамила Секондо да дојде во Ѓорче Петров, каде што се сретнале и со убиецот, 27-годишниот Али Фуркан. Од таму тројцата заминале за Арачиново, каде што по вербална расправија, Фуркан со пушка го убил Секондо, а потоа заедно со Ангела телото го фрлиле во дупка во близина на Љуботен и го затрупале со камења.

Од завчера Ангела Ѓеоргиевска е во притвор поради тоа што дала придонес за кривично дело со тоа што го повикала Пино, била присутна во моментот на неговото убиство и учествувала во пренесување и криење на неговото тело. Али Фуркан, кој е првоосомничен, е во бегство.

angela georgievskapinopino sekondo

Би можело да ве интересира

Апелација и намали три години од казната на Ангела, осудена за убиството на Пино

Кристијан Ландов30/06/2022 - 17:01

Мајката на Пино бара доживотен затвор за осудената: Не застанувам тука

Кристијан Ландов13/10/2021 - 13:3013/10/2021 - 13:31

Повторно досудени 19 години за убиството на Пино, адвокатот на Ѓорѓиевска тврди дека е без докази

Кристијан Ландов13/10/2021 - 13:1613/10/2021 - 13:35

Мајката на Пино по одлуката на Апелација: Вода во пустина ќе најдеш ама правда во Македонија тешко

Кристијан Ландов31/08/2021 - 20:1831/08/2021 - 22:00

Укината 19-годишната затворска казна за убиството на Пино, Апелација одлучи дека има погрешно утврдени факти

Кристијан Ландов31/08/2021 - 12:4031/08/2021 - 21:29

Соизвршителката на убиството на Пино осудена на 19-годишна затворска казна

Кристијан Ландов13/07/2020 - 10:4513/07/2020 - 11:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен