ВИДЕО: Кафематите и апаратите за вода се можен преносител на коронавирусот, посочи Грашкоска и апелираше да не се користат

Од:

Трудовиот инспекторат забранил за употреба 215 кафемати на бензински пумпи и повеќе други локации по градовите, соопшти претседателка на инспекциски совет Магдалена Филиповска-Грашкоска. Соопштувајќи ги активностите на инспекторатите, таа напомена дека апаратите за вода и кафематите се можен преносител на коронавирусот, со напомена, дека инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство дале насока да не се користат.

„Во периодот од 2-5 април од страна на пазарните инспектори се затворени вкупно 48 угостителски објекти во повеќе градови и населени места. Истовремено, инспекторите направија визуелни контроли при што констатацијата е дека поголем дел од угостителите ги почитуваат мерките. Дополнително, Државниот пазарен инспекторат ги контролираше и кафематите на бензинските пумпи но и други локации по градовите и во овие неколку дена се забранети за употреба 215 кафемати. Освен контролите на угостителските објекти, пазарниот инспекторат ги контролираше замрзнатите цени на одредени производи, па така во овој период се забележани помал број на зголемување на цените“, посочи Филиповска-Грашкоска.

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до граѓаните да не ги користат кафематите и апаратите за вода бидејќи тие можат да се преносител на коронавирусот.

„Од Агенцијата за храна и ветеринарство се спроведени 208 надзори во повеќе градови и тоа во маркети, угостителски објекти, месарници, производствени објекти и зелени пазари. Притоа, изречени се две глоби, од кои едната е за непочитување на претходна наредба издадена од инспектор, а другата поради држење на производ без декларација. Изречени се и седум мерки – едукација, поради неспроведени обуки за знаење за безбедност на храна, а издадени се и 15 решенија на месарници и маркети поради лоша хигиенска состојба, при што, веднаш е наредено да се изврши дезинфекција, дезинсекција и дератизација“, додаде Филиповска-Грашкоска.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски